МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика денеска со соопштение извести дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Поддршката е наменета за корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Дума.мк