МВР: 173 санкции за брзо возење
Објавено на 7 јуни, 2022 во 11:23

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.
-Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.
