МВР: 205 санкции за брзо возење

Објавено на 6 мај, 2022 во 11:44

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.

-Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 114 надвор од населено место, пишува во дневниот билтен на МВР.

Оттаму ифнормираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.