МВР: 238 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Објавено на 18 октомври, 2022 во 11:11

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

-При контролата, санкционирани се 238 пешаци од кои, 225 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. На 107 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 96 останати прекршоци, пишува во соопштението на МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.