Нѐ очекува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи
Објавено на 5 септември, 2024 во 13:05
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Особено нестабилно ќе биде утре и в сабота, a в недела ќе има помали услови за нестабилност. Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме.
За време на продолжениот викенд минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната температура од 25 до 33 степени.
Дума.мк