На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека до еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На г. п. Табановце и г.п.Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.