На ГП „Табановце“ за влез во земјава се чека еден час
Објавено на 27 јули, 2022 во 09:20
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен.
На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути. На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти Авто мото сојуз на Македонија.