На „Табановце“ се чека 45 минути за влез во државата
Објавено на 10 август, 2021 во 09:31
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На Граничен премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а за влез во државата околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто Мото Сојуз на Македонија.