На „Табановце“ за влез во земјава се чека до еден час, а на „Богородица“ до половина час
Објавено на 20 јули, 2022 во 09:18
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“ за излез се чека околу 20-30 минути, а на ГП „Табановце“ за влез се чека околу 40-60 минути.
-На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Тие препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.