Најголемата бродска компанија ја прекина испораката до Русија
Најголемата светска компанија за товарен транспорт „Maersk“ денеска објави дека привремено ќе ги прекине сите испораки со контејнери до и од Русија во контекст на западните санкции против Москва по нејзината инвазија на Украина, објави Ројтерс.
На мерката и претходеше сличен потег од сингапурскиот Ocean Network Express – ONE, германскиот Hapag Lloyd HLAG.DE и швајцарскиот MSC.
Исклучувањето, кое ги опфаќа сите руски пристаништа, нема да вклучува храна, медицински и хуманитарни материјали, рекоа од Maersk.
„Бидејќи стабилноста и безбедноста на нашите операции веќе директно и индиректно се засегнати од санкциите, новите резервации (за транспорт) од Maersk во океанот и внатрешноста до и од Русија ќе бидат суспендирани“, се вели во соопштението.
Компанијата оперира со контејнерски бродови до Санкт Петербург и Калининград во Балтичкото Море, Новоросијск во Црното Море и до Владивосток и исток на источниот брег на Русија.
Maersk поседува 31 отсто од рускиот пристанишен оператор Global Ports GLPRq.L, кој управува со шест терминали во Русија и два во Финска. Акционери на Global Ports се и руската државна нуклеарна компанија Росатом и рускиот бизнисмен Сергеј Шишкарев.
Компанијата со седиште во Копенхаген има околу 500 вработени во Русија. Минатата недела привремено ги затвори сите пристаништа во Украина, каде што има околу 60 вработени во Одеса, потсетува Ројтерс.