Најниски минус девет степени утрово на Попова Шапка

Објавено на 12 јануари, 2023 во 09:42

Минус девет степени се измерени изутрина во седум часот во Попова Шапка, каде има снежна покривка од 11 сантиметри. Четири степени по нулата се регистрирани во Маврови Анови и Крушево, – 3 во Лазарополе, -2 во Берово, Претор и во Дебар, -1 во Охрид, 0 во Битола, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, 2 во Тетово, Виница, Куманово, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, а 6 во Гевгелија и во Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролоѓки работи, во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, освен во југозападните делови и на крајниот југоисток каде утрово е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.