Најнова метеопрогноза на Поповски: Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!

Почнувајќи од денес, понеделник, 21 април, па речиси до крајот на оваа недела под влијание на циклонска активност над Медитеранот, во нашата држава, ќе има честа појава на повремени врнежи од дожд, и истите на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, гласи најновата метеопрогноза на Славчо Поповски.
„Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни и проследени со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град.
Во Скопскиот регион следува многу променливо време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопската котлина е можна појава на невреме.
Температурите остануваат без некоја поголема промена во однос на оние кои ги имаме деновиве што значи продолжува топлото време. Позначителен пад на температурите ќе имаме за време на следниот викенд, додава Поповски.
Метеопрогнозерот апелира во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да избегнуваат присуство на отворен простор и под осамени дрвја како и во случај на појава на силен ветер да ги заштитат автмобилите со тоа што ќе избегнуваат да ги ставаат во близина на дрвја.
Дума.мк
