Намалување на цените на бензините, поскапува дизелот
Објавено: 7 јули, 2025, во 14:44 часот
Од полноќ се намалуваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар. Новата цена на БС-95 ќе бидена 74 ден/лит, а на БС-98 изнесува 76 ден/лит.
Истовремено, цената на дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари, и ќе се продава за 70 ден/лит.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста – 69,50 ден/лит, додека цената на мазутот се намалува за 0,174 денари и ќе изнесува 39,409 ден/кг.
Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, стапува на сила после полноќ.
Дума.мк
