„Нашата моќ, нашата планета“- се одбележува Светскиот ден на планетата Земја 

Објавено: 22 април, 2026, во 10:21 часот

Светскиот ден на планетата Земја е меѓународен настан за одржливост на животната средина и заштита на нашата планета. Меѓународниот ден е дата која најмасовно се прославува во целиот свет, а овој зелен настан успева да вклучи најголем број луѓе на целата планета. Од ЈП Национални шуми велат:

Благодарение на зголемениот интерес за настанот, денес Светскиот ден на планетата Земја стана Светска недела на планетата Земја. Во деновите околу 22 април, многу заедници прославуваат цела недела со активности фокусирани на најактуелните еколошки прашања. Настаните се користат за подигање на јавната свест за прашањата за одржливост, а активистите, за анализирање на денешните сценарија и предлагање конкретни решенија,“ потенцираат од ЈП Национални шуми.

Посочуваат дека секоја година Организацијата за Денот на планетата Земја бира тема со која се укажува на важноста на денот, а за годинава е „Нашата моќ, нашата планета“.

Оваа тема се фокусира на глобалната мобилизација за забрзување на транзицијата кон обновлива енергија, со цел тројно зголемување на производството на чиста електрична енергија до 2030 година . Таа ја истакнува моќта на поединците, заедниците и владите да придонесат кон одржлива иднина преку конкретни акции. Во рамките на оваа иницијатива, EarthDay.org ги охрабрува луѓето ширум светот да се вклучат преку едукација, застапување и директни активности како што се садење дрвја, намалување на употребата на пластика и поддршка на политики за чиста енергија, додаваат од јавното национално претпријатие.

Инаку, овој ден за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Датумот е прифатен како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година во Рио дe Жанеиро.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.