Не скенира сметки апликацијата „МојДДВ“ – од УЈП одговорија дека работеле на отстранување на проблемот
Објавено: 13 јуни, 2026, во 10:38 часот
Граѓани кои ја користат апликацијата МојДДВ реагираат дека од завчера забележале проблем, односно не можат да ги скенираат фискалните сметки. Тие нагласуваат дека при обид да влезат во апликацијата, им се појавува известување дека нема конекција до Управа за јавни приходи(УЈП).

Оттаму го потврдија проблемот и соопштија дека работеле на неговото решение.
„Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање. Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата“, стои во соопштението на УЈП.
Дијана Иванова


