Ноќеска пристигнува „есента“

Годинава есента ќе „пристигне“ ноќеска, петок , помеѓу 22 и 23 септември, во 3:03 часот по средноевропско време и ќе трае до 21 декември, до 22:48 часот, кога и официјално започнува зимата.
Утре, петок, е првиот есенски ден во кој сонцето ќе изгрее во 6:26 часот а ќе зајде во 18:34 часот.
Во истиот момент на јужната хемисфера на Земјата ќе започне пролетта. На северната хемисфера ,каде ние живееме, сонцето изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Денот и ноќта се еднакви и траат по 12 часа или сме во есенска рамноденица, кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација.
Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.
Инаку,според метеоролозите, односно нивното толкување, летото заврши на 31 август, а есента ќе трае од 1 септември до крајот на декември 2022 година.
