Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува летното сметање на времето
Објавено: 28 март, 2026, во 15:10 часот
Летното сметање на времето почнува ноќеска, во 02 часот. Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот еден час напред и наместо 02 да биде 03 часот.
Тоа значи дека утре, недела, 29 март, денот ќе биде пократот за еден час, но затоа понатаму ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.
Во Македонија, како и во повеќето европски земји, промената на времето се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март, кога почнува летното сметање и последниот викенд во октомври, кога почнува зимското сметање на времето.
Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври, во 03 часот по полноќ.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.
Дума.мк



