Нова цена само на дизелот

Објавено на 15 септември, 2022 во 14:43

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС – 95                            84,50 (денари/литар)

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 98                             87,00 (денари/литар)

Дизел гориво                                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          95,0(денари/литар)

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                               51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот намалување за 1,779%, кај екстра лесното масло намалување за 1,389%  и кај мазутот намалување за 1,067%.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.