Нова надеж за живот: Пресаденото срце чука во градите на 39 годишна жена

Објавено на 31 мај, 2021 во 10:12

Нова надеж за живот со трансплантација на срце од починат донор доби 39 годиша жена која имала вродена срцева маана и подолго време чекала донор. Надлежните информираат дека поради сериозноста на операцијата следните 48 часа се критични за пациентката.

Тешката интервенција извршена на Државната кардиохирургија траела пет часа.

Донираното срце е од 40 годишна жена, чие семејство и покрај големата загуба одлучило да ги донира органите и да спаси три човечки животи.

„Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи.  За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност“, соопштија од министерството за здравство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.