Нови цени на горивата
Објавено на 22 јули, 2024 во 13:40
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто во однос на одлуката од 15 јули.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,152 денари по килограм и сега ќе изнесува 45,757 денари по кг.
Дума.мк