Ново невреме доаѓа во Македонија: Обилни дождови, громови и град
Објавено: 10 јуни, 2026, во 09:50 часот
„Денеска, среда, 10 јуни во Македонија, времето ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија локално процесите ќе бидат интеназивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион денеска ќе има услови за појава на нестабилност и на невреме проследено со пороемн дожд, засилен ветер, електрични празнења и со локална појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, а во Скопје и околината до околу 32 степени.
Нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на локално невреме ќе биде и во текот на утрешната вечер и ноќта кон петок кога ќе дува повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе услови освежување на времето и продор на посвежа воздушна маса од север која ќе предизвика пад на температурите на воздухот,“ гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


