Обилните дождови продолжуваат во Македонија, на планините снежна идила

Објавено: 28 ноември, 2025, во 08:33 часот

„Македонија  и денес, петок, 28 ноември, ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот но и на поладен воздух кој се спушта од север. Во ваква ситуација особено во источните предели ќе имаме нови обилни врнежи од дожд, локално, нови над 40 литри дожд за 24 часа. Врнежи со умерен интензитет ќе има  и во остатокот од државата. Ќе дува слаб до умерен а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе врне снег и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје  и околината ќе има повремени врнежи од дожд а на околните планини врнежите ќе преминат во снег и ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

Поради очекуваните нови обилни дождови растат условите за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата. Постои опасност и од нови поплавувања па токму поради ова апелирам особено возачите да внимаваат каде и како се движат и да ги избегнуваат водотеците.

Денешните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје  и околината до околу 6 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.