Облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд

Објавено: 13 август, 2026, во 09:05 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се очекуваат и невремиња со силен ветер и со услови за појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 21 Целзиусов степен, додека максималните ќе достигнат од 29 до 37 степени. Температурата ќе опадне за неколку степени во однос на претходните денови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој на места повремено ќе засилува.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во делови од котлината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.