Од 15 ноември влез во кафеани само со две вакцини
Владата одлучи ноќните клубови и дискотеките можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектот, а од 15 ноември влез во затворени објекти, кафулиња и трговски центри ќе биде дозволен само за вакцинирани лица со две дози или прележан ковид-19 во изминатите 45 дена.
Како што информираат од Владата новите мерки се донесени согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести.
-Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот, велат од Владата.