Од 29 септември, како краен рок, службените возила со црвени таблички

Објавено: 9 септември, 2025, во 12:05 часот

Сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани, односно да ги заменат регистарските таблички во црвена боја до почеток на кампањата за локалните избори. Датумот на почеток на локалните избори е 29 овој месец. .  

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, соопшти дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила нагласувајќи дека МВР заклучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.

„Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани“, нагласи Томовски.

Правилникот предвидува да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на јавните претрпијатија и се она што значи доминантна сопственсот на државата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.