Од октомври 2023 поевтин роаминг со земјите од ЕУ

Земјите од Западен Балкан, од октомври 2023 ќе плаќаат поевтин роаминг со земјите членки на Европската унија. Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на Самитот Западен Балкан во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени.
Со овој договор од 1 октомври 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.
„Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, рече Ковачевски.
Дума.мк
