Од полноќ, бензинот ќе поевтини, дизелот ќе поскапи
Објавено на 20 јуни, 2022 во 12:47
Дизел горивото по полноќ ќе поскапи за половина денар, додека цената на бензинот ќе се намали за 1,5 денари по литар, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање.
Во моментов цената на бензинот БС-95 изнесува 111,5 денари за литар, додека БС-98 се продава за 113,5, додека дизелот чини 109,5 денари.
Во текот на денот се очекува да излезе официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.