Од утре, четврток, вистинска зима на Балканот, невообичаено ладно за почетокот на април и во Македонија

Објавено: 25 март, 2026, во 08:08 часот

„Судејќи по она што го цртаат најновите ажурирања на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) сигурно е дека од четврток, 26 март, доаѓа вистинска снежна бура на Балканот а најпогодени ќе бидат Босна  и Хрватска каде на планинските места ќе падне  и до околу еден метар снег а врнежи од снег ќе има  и на помала надморска височина проследени со бурен ветер. Температурите нагло и значително ќе опаднат за повеќе од 10 степени па и за околу 15 степени а сето ова катастрофално ќе се одрази врз овошките кои се во фаза на цветање.

Барем од она што можам во моментов да го соопштам, првата седмица од месец април ни носи многу поладно време од вообичаеното, зимско време со чести врнежи од дожд, снег и снежна покривка. Врнежи од снег ќе има и во делови од градовите ширум регионот.

Во Македонија, исто така, времето ќе биде невообичаено ладно за почеток на месец април, како што веќе кажав и најавив од четврток, 26 март. Повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд, планински снег и повремено силен јужен ветер (локално со брзина од над 60 км/час). Особено во северните  и во западните предели на државата повремено снежната граница може да се спушти и под 1000 метри надморска височина со што врнежи од снег повремено може да има  и во повисоките населени места,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.