Од утре се отвараат угостителските објекти и полицискиот час се поместува за еден час подоцна

Од утре забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата ќе важи од 21:00 до 05:00 часот. Полицискиот час нема да важи за вечерните часови помеѓу 1 и 2 мај, односно за време на Велигден и вечерта помеѓу 13 и 14 мај за верскиот празник Рамазан Бајрам.
Веќе од утре сите угостителски објекти ќе можат да работат само со отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти со работно време до 20:30 часот.
Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува.
Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега.
Новите мерки ќе важат до 15 мај.
Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.
Стефани Манева
