Отворен Балкан : Пожарите и кризата со храна и струја во фокусот на владините средби во Тирана

Објавено на 25 јули, 2022 во 09:40

Денеска и утре во Тирана ќе се одржи состанок на работни групи во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во која учествуваат Северна МакедонијаАлбанија и Србија.

Според најавата од Владата, работните групи ќе имаат детална координација за заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.

Исто така, на дневен ред ќе биде и укинувањето на работните дозволи.

-„На средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи“, велат од Владата.

Нашата владина делегација ќе ја предводи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а во неа ќе бидат и министрите за економија и за информатичко општество и администрација, Крешник Бектери и Адмирим Алити, како и заменик-министрите за финансии и за земјоделство, Филип Николоски и Абдулшуќур Абедини.

На состаноците во Тирана ќе учествуваат и националните координатори за Отворен Балкан Марјан Забрчанец и за регионална соработка Нола Исмајлоска, директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и советниците и раководители на сектори.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.