Отворени телефонски линии за прва психолошка помош при пожари
Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.
– Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност, стои во фејсбук-статусот на организацијата од каде потсетуваат за можноста да се користат отворените телефонски линии на кои има соодветна прва психолошка поддршка од обучени волонтери.
Отворените телефонскии линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони:
Скопски Регион – 071/367-909, 071/367-981 и 071/379-119
Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен) 047/236-019 и 070/791-770
Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид) 072/239-051 и 072/239-077
Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш) 071/426-660 и 071/426-633
Вардарски Регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија) 075/294-036, 071/274-229 и 043/231537