Печатените дневници заминуваат во историјата
Објавено на 4 август, 2021 во 09:47
Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските дневници, соопшти Бирото за развој на образованието.
Наставниците веќе знаат да пополнуваат електронски дневник кој со години е дел од образовниот систем, велат од Бирото.
Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Во електронските дневници, освен оценките, ќе се внесуваат информации за изостаноците и активностите на учениците.