Пендаровски: Општините во Грција се надлежни за менувањето на таблите со нашето старо име после границата
Објавено на 5 октомври, 2021 во 12:45
Досега остварив две средби во Атина, една со претседателката и една со премиерот, информира денеска претседателот Стево Пендаровски од посетата на Грција.
Според него, се разговарало за целосно имплементирање на Преспанскиот договор до последната точка и запирка.
-Ако потпишеш една работа, треба да ја почитуваш до крај. Ја замолив грчката страна за поголема ажурност во спроведувањето. Во врска со таблите на кои стои старото име на нашата земја, добив уверување дека тоа ќе се промени, но дека е во надлежност на општините, поточно во северниот дел на земјата, после границата. Малку е специфично кај нив, додаде Пендаровски.