По пауза од 20 години: Луфтханза ќе лета од Скопје за Франкфурт 10 пати неделно
По пауза од 20 години, германската авиокомпанија Луфтханза се враќа во Македонија.
Тие од 23 април идната година ќе летаар од Скопје за Франкфурт дури 10 пати неделно.
Од компанијата денеска соопштија дека отвораат четири нови летови од Франкфурт, меѓу нив и Скопје.
„Луфтханза ќе почне да го нуди Скопје од 23 април и ќе се поврзе со главниот град на Северна Македонија и до два пати дневно. Летовите со броевите ЛХ1540 и ЛХ1452 ќе бидат атрактивни и за бизнис патници и за туристи. Луфтханза ја засилува својата позиција во Источна Европа додавајќи го Скопје“, се вели во соопштението на германската компанија.
Картите за летовите Скопје-Франкфурт се веќе во резервациониот систем на Луфтханза.
За Франкфурт од Скопје лета и Визер, но до аеродромот Франкфурт-Хан, кој е 120 километри од градот.
Дума.мк