Почина колегата Менде Младеновски
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење за загубата на новинарот Менде Младеновски и сочувство до семејството и пријателите.
Колегата Младеновски беше долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“, како и дописник на „Нова Македонија“. Има издадено и авторски книги со наслов „Во прво лице“ каде што може да се најдат сите негови колумни во кои низ годините прави осврт од свој агол за актуелните случувања кои ја засегаат јавноста на локално, регионално и национално ниво.
За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и посебни признанија од Здружението на новинарите на Македонија.
Опелото и погребот на новинарот Менде Младеновски ќе биде утре, 29.08.2024 во 12 часот во Храмот Св. Недела и Светонеделските гробишта, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во храмот Св. Недела од 10 часот.
Дума.мк