Почнуваат Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026, Македонците ќе навиваат за четири спортисти

Објавено: 6 февруари, 2026, во 16:16 часот

Свеченото отворање на 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026 ќе почне вечерва во 20:00 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано. Паралелни церемонии ќе се одржат и во Кортина, каде македонски знаменосец ќе биде Атанасовска, а на церемонијата во Предацо македонското знаме ќе го носи Ставре Јада.

На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2 900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.


Распоредот за настап на македонските нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.

На 27-годишниот Јада, ЗОИ 2026 ќе му бидат трет олимписки настап, а на 25-годишната Ана Цветановска, ова е и втора Зимска Олимпијада, по онаа во Пекинг 2022.

Зимските олимписки игри 2026 ќе траат до 22 февруари.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.