Полицијата лови со ноќен радар: За пет часа пишани 260 казни за брзо возење
Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи.
-Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 218 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место, пишува во дневниот билтен на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.