Српскиот претседател Николиќ се понуди за медијатор во грчко – македонскиот спор!
За решавањето на спорот за името со Грција, Томислав Николиќ, смета дека може да помогне во спорот околу името кој го блокира патот на Македонија кон ЕУ, објави српската новинска агенција Бета.
„Патував и во двете држави и разговарав со претседателите и премиерите на двете држави. Спорот е голем и ми се чини дека може да биде решен ако и едните и другите сфатат дека со тврдоглаво инсистирање никаде нема да стигнат“, рекол Николиќ.
Српскиот претседател наскоро ќе се сретне со грчкиот и македонскиот претседател. Тој на двете страни веќе им рекол дека стои на располагање ако го замолат да предложи решение.
“Им реков и на едните и на другите дека им стојам на располагање, но доколку бидам замолен да предложам решение, тоа нема да биде прифатливо само за едните или само за другите, можеби нема да биде прифатливо ниту за едните, ниту за другите, но Балканот повеќе не смее да биде место за судир. Додека ние стоиме, другите отидоа далеку напред“, рекол Николиќ.