Понеделник,4 август, нови обилни дождови и невреме!

Објавено: 2 август, 2025, во 10:53 часот

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во понеделник, 4 август, во Македонија ќе се создаваат фронтални влажни бранови кои ќе условат да имаме променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, на повеќе места пообилни и поројни како и проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог , над 20 литри на метар квадратен дожд, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Атмосферските процеси локално ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ова апелирам, во случај на појава на невреме, електрични празнења  и на силен ветер граѓаните да обратат поголема внимателност. Особено во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги оставаат во близина на дрвјата, особено оние кои се осамени. Исто така, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

И во Скопје  и околината во понеделник, 4 август, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите во понеделник, во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени,’ додаде Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.