Попоски: Избегнувајте претстој на отворено, доаѓа ново невреме во Македонија!

Објавено: 10 септември, 2025, во 09:46 часот

Под влијание на влажна  и на нестабилна воздушна маса од запад  и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре, четврток 11 септември до понеделник, 15 септември, во нашата Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, пишува Метеоаларм.

-Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре, четврток 11 септември до понеделник, 15 септември ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме. Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во нашата Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, објаснува метеорологот Славчо Попоски.

Исто така, додава дека во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.