Попоски: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!
Објавено: 15 август, 2025, во 09:51 часот
Во сабота и недела, 16 и 17 август во нашата држава ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информира метеорологот Славчо Попоски. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник, 18 август, во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
-Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град, додава Попоски.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени.
Дума.мк




