Поповски: Брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад ќе помине над Македонија

„Пред нас е брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад. Денес во претпладневните и во раните попладневни часови во Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради падот на температурите во северозападните и во северните високи планински предели (над 1800/1900 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.
Во Скопје и околината со овој бран ќе има појава на повремен локален дожд а повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината до околу 16 степени,“соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


