Поповски: Чести и пообилни врнежи, од четврток заладување и снег

Објавено: 5 јануари, 2026, во 09:01 часот

„Во Македонија под влијание на циклонска активност и на серија на влажни воздушни бранови од запад и од југозапад, во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со чести и повремено пообилни врнежи од дожд коишто  повремено ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен правец. Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд а во западните предели локално над 50 литри на метар квадратен дожд).

И во Скопје  и околината во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од јуужен правец. Температурите остануваат релативно високи и над просекот за овој период од годината и тоа поради јужното воздушно струење и потоплата воздушна маса од југ. Температурите на повеќе места ќе се искачуваа до и во делови од Македонија тие ќе надминуваат над 10 степени. Релативно високи и над нулата ќе бидат и ноќните како и утринските температури на воздухот.

Поради продор на значително ладен воздух од север, во четврток (8 јануари) температурите значително ќе опаднат  и повторно ќе бидат зимски и проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Токму поради ова врнежите од дожд на планините  и на повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка. Во четврток (8 јануари), од она што можам во моментов да го кажам. снежната граница може да се спушти и под 1000 метри надморска височина а појава на повремени врнежи од снег би можело да има  и во пониските предели (градовите).

Понатаму следува нова  и по потреба обновена метео анализа околу новиот продор на ладен и влажен воздух од север кој го очекувам од четврток (8 јануари) во Македонија,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.