Поповски: Доаѓа големо освежување со пороен дожд и грмежи!

Објавено: 26 јули, 2025, во 10:35 часот

Од понеделник, 28 јули, во Македонија, поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот за и повеќе од 10 степени, прогнозира Славчо Поповски. .

„Од понеделник на многу места низ државата температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно и посвежо време.

Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели на Македонија.

Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер  и со појава на град,“ додава метео прогнозерот Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.