Поповски: Дoаѓа невреме во Македонија, температурите повторно во опаѓање

Објавено: 2 септември, 2025, во 08:51 часот

„Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре 3 септември и во четврток 4 септември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град. И во Скопје  и околината во погоре споменаиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и со услови за појава на невреме во делови од котлината.

За време на овие два дена локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 20 литри дожд на метар квадратен.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.