Поповски: Доаѓа силно невреме во Македонија, бидете внимателни!

Објавено на 4 јуни, 2025 во 08:55

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата. Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Поради загреаната атмосфера  исполнета со енергија, локално, процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со услови за појава на крупен град.

И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења во форма на невреме, особено од утре, четврток, 5 јуни.

Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме.

Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно, да не ги оставаат во близина и особено не под осамени дрвја,“ додава Поповски.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корсит на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.