Поповски: Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани!

Објавено: 21 септември, 2025, во 10:05 часот

„Според она што можам да го кажам за претстојната есен според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години. И покрај овие прогнози не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце.

Особено повеќе врнежи може да очекуваме во почетокот, како и во втората половина од есента.

Со оглед на тоа дека на Пацификот значително зајакна Ла Ниња (Ладниот Климатолошки феномен) ова ќе трае  во текот на претстојната есен како и во зимските месеци, кога треба да очекуваме почести ладни продори од север, особено во втората половина од есента, а повремени ладни продори ќе имаме по се изгледа  и во првата половина од есента. Треба да очекуваме снегот годинава да ни пристигне порано, уште во ноември и во пониските предели, додека на планините уште во октомври.

Напоменувам дека долгорочните анализи на времето се со помала веројатност за остварување во целост, тоа значи дека промени во анализата се можни, токму поради ова им препорачувам на граѓаните да ги следат моите краткорочни метео анализи кои се со и над 90% на остварување,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.