Поповски: Исклучително ниски утрински температури со потпросечни температури!
Објавено: 28 август, 2025, во 09:36 часот
„Денешното утро, четврток, 28 август, во Македонија повторно донесе исклучително ниски температури на воздухот. Најсвежо ова утро беше во Берово со измерени само 6 степени.
Времето насекаде во државата е ведро и претежно тивко без некој изразен ветер.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија ова утро кои се исклучително ниски и под просекот за овој период од годината“, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк




