Поповски: Ладен воздух од североисток ни носи силен ветер и температури до -10 степени

Објавено: 26 декември, 2025, во 09:05 часот

„Викендов и за самиот почеток од следната недела, територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладен воздух кој ќе ни продре од североисток и токму ова ќе предизвика да имаме многу ветровито време кое позитивно ќе влијае врз загадувањето во Македонија, односно значително ќе го прочисти воздухот во котлините низ државата.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, кој што повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60/70 км на час. Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен додека дневните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Уште поладно утро со температури кои насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата ќе имаме во понеделник, 29 декември, кога се очекува да паднат и до -10. Тогаш на високите планински места температурите има услови да се спуштат и под -10 степени.

Поради очекуваното многу ладно време, особено во утринските  и во ноќните часови. апелирам топлата облека задолжително да биде покрај вас и доколку излегувате надвор од домот да се заштитувате од студот, односно на себе задолжително да имате капи, шалови и нараквици,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.