Поповски: Многу топол бран од југ во Македонија со температури до 40 степени!
Објавено: 9 август, 2025, во 09:46 часот
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија се до петок, 15 август, времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во понатамошен пораст и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 40 степени.
Апелирам, поради многу топлиот Африкански бран, и многу високите температури на воздухот, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот. од 11 до 17 часот, како и да пијат повеќе течности.
Дума.мк


